Голема дупка за 30 секунди “проголта” неколку стебла
август 24
20:59
2013
На југот од сојузната држава Луизијана, на дното од мочуришната област се создаде голема дупка која во само 30-тина секунди проголта неколку големи дрвени стебла.
На видеото кое го сними вработен од локалната служба за вонредни ситуации се гледа како неколку дрва најпрвин полека се наведнуваат за потоа, за само 30-тина секунди да потонат во земјата и да исчезнат.
Оваа „гладна“ дупка е активна уште од август минатата година, а локалните власти тврдат дека опасност за блиските населби засега нема.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment