MKDNews.com

Голем шумски пожар кај Марков манастир

август 20
17:03 2013

Два авиони на Дирекцијата за заштита и спасување се активирани во гаснење на пожарот на потегот помеѓу селота Осинчане и Малчиште во шумските предели на Марков манастир.

Како што велат од Дирекцијата, нема опасност за населението и за куќите. Во гаснењето се вклучени луѓе од шумското стопанство „Караџица“, како и месното население. Авионите за гаснење се активирани за справување со огнот претежно на непристапниот терен. Засега нема информации за причината за пожарот.

Командантот на скопската противпожарна бригада, Благоја Менковски изјави дека противпожарни екипи работат цела ноќ на теренот и дека во моментов се ангажирани две возила

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment