MKDNews.com

Голем шумски пожар изби во близина на Кичево (фото)

август 24
20:36 2013

Денеска околу 15 часот над населбата Иванидол во Кичево, изби голем шумски пожар кој сеуште не е локализиран.Со голема брзина се шири пожарот над населбата Иванидол во Кичево, јави kicevo.mk

Гори борова шума, но поради не достапноста на теренот противпожарните екипи тешко можат да допрат до жариштето на огнот.

Неговиот интензитет го зголемува и ветерот кој попладнево е присутен во Кичево. Пожарот е во близина на првите куќи на градот кои, засега, не се во опасност од пожарот.
Се претпоставува дека причина за пожарот е човечки фактор.
Проблем за локализирање на пожарот беше ветерот, кој дува во овој предел, што придонесува за поголемо ширење на огнените јазици. Ветерот разнесува пеплосани делови и низ градот.
Како што вели Љупчо Петровски од Дирекцијата за заштита и спасување, доколку не успеат да го локализираат пожарот во текот на денот и ноќта, утре ќе бидат ангажирани авионите на Дирекцијата за заштита и спасување и хеликоптерите на АРМ.

Заедно со противпожарните екипи на терен е излезен и градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари.
Kicevo-pozar3.jpg

[print_gllr id=15728]

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment