MKDNews.com

Го заборавиле пет дена во притвор- си ја пиел урината ,доби отштета од 4,1 милиони долари

август 01
02:02 2013

Американскиот студент од универзитетот Калифорнија, кој минатата година во притворската ќелија поминал речиси пет дена , без храна и вода, постигна договор со американската агенција за борба против дрогата ДЕА, поради пропустот кој го направиле да му исплати 4,1 милиони долари.

Чонг (24) беше приведен со уште осум лица на 21 април минатата година, за време на рација во Сан Диего. Тој рече дека бил приморан да ја пие сопствената урина и дека речиси умрел во ќелијата, каде бил сместен, а потоа очигледно заборавен.

Бидејќи бил пронајден, Чонг поминал пет дена во болница, од што три дена на интензивна нега. Минатата година поднесе тужба, барајќи од ДЕА 20 милиони долари.

Неговите адвокати соопштија дека успеале да се договорат и дека ДЕА ќе му исплати на Чонг 4,1 милиони долари.
Претставничка на ДЕА истакна дека во тек е истрага за случајот, но одби да каже дали е постигнат договор.
Од ДЕА и претходно признаа дека Чонг бил случајно оставен во притворската ќелија.

Адвокатите наведуваат дека полицајците го одвеле Чонг во притворската ќелија, велејќи му дека ќе дојдат по него, за минута, што не се случило. Чонг, така останал во ќелијата четири и пол дена, а бил пронајден во многу лоша состојба.