MKDNews.com

Фудбалски турнир во чест на загинатите бранители

август 18
11:36 2013

Фудбалски турнир за помош на семејствата на загинатите бранители од Љубанци 2001 „Љубанци 2013“ ќе се одржи вечер во 20 часот во истоименото скопско село. На овогодинешниот турнир се пријавени 60 екипи со вкупно 600 играчи.
За официјалното отворање e подготвена културно-уметничка програма, а првиот натпревар што ќе се одигра ќе биде од ревијален карактер и na него ќе настапат дел од македонските политичари и познати македонски спортисти.

турнир-во-мал-фудбал

Собраните парични средства од пријавените екипи ќе бидат донирани на семејствата на загинатите бранители од село Љубанци во конфликтот од 2001 година.

Турнирот во мал фудбал во Љубанци се одржува традиционално од 1974 година, а доби меморијален карактер во 2001 година кога почна да се игра во чест на загинатите бранители од село Љубанци во конфликтот од 2001 година.

Наградниот фонд на турнирот за првото место изнесува 90.000 денари, за второ 50.000 денари и за трето место 30.000 денари. Вредни награди ќе бидат доделени и за најдобар играч, најдобар голман и за најдобар стрелец.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.