MKDNews.com

Французинот Аксел победник на Охридскиот маратон (фото)

август 24
18:57 2013

IMG_6067mФранцузинот Рејмонд Аксел, е победник на Охридскиот пливачки маратон, претпоследен од Гран при серијата на ФИНА за 2013 година. Од македонските маратонци Евгениј Поп Ацев заврши на 4.место, додека Томи Стефановски заврши на 5.место.
Аксел, 30-километри долгата патека од Свети Наум до Охрид, ја исплива со нов рекорд од 5 часа, 9 минути и 54 секунди, што е речиси десет минути подобро време од минатогодишниот рекорд на Бугаринот, Петар Стојчев.
Второт место му припадна на Едуардо Стокино, а на третото место се пласира Русинот Иван Афањевич.
„Задоволен сум од четвртото место,но сметам дека можев да го освојам и третото место . Имавме брза трка во втората половина од маратонот. Аксел навистина одлично отплива и сосема заслужено стигна до победата“ , истакна Евгениј Поп Ацев.
Во женска конкуренција тримфира Мартина Грималди од Италија во фото финиш пред Русинката Олга Козњечук. На третото место заврши Карла Ситиќ од Хрватска.
По маратонот во Охрид, водечки во генералниот пласман е Дамјан Блаум со 59 бода, пред Евгениј Поп Ацев со 50 и Томи Стефановски кој има 49 бода.

[print_gllr id=15692]

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment