MKDNews.com

Французинката која е пријавена за исчезната не е веќе во Кичево

август 07
12:49 2013

Како што пишува Канал 5 :Од кичевската полиција потврдиле дека 39 годишната Французинка Валери е пријавена за исчезната, Според телевизијата, Валери со својот сопруг кичевчанец, кој привремено работел во Франција, била во Кичево на одмор.

Се претпоставува дека Валери го напуштила домот по семејна расправија. Од кичевската полиција велат дека таа повеќе не е во Кичево и дека најверојатно веќе ја напуштила земјава.

Сопругот на Валери го пријавил случајот во полиција и низ Кичево поставил повеќе слики од својата сопруга, со текст дека таа е исчезната и се трага по неа. Тој напишал и дека Валери е висока 168 сантиметри и дека кога го напуштила домот носела розеви „Адидас“ патики. Тој бара од граѓаните да пријават доколку ја видат неговата сопруга.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.