FedEx испорачува пакетчиња полоши и од државната пошта (видео)
август 01
10:36
2013
Дали некогаш сте се запрашале што се случува со вашата пошта за време на транспорт? Приватната компанијата FedEx има за задача на безбеден начин и навреме да ги испрати сите пратки во светот, но понекогаш, тоа не се одвива во најдобар ред.
На YouTube е објавена снимка во која се гледа како двајца вработени во компанијата ги товарат пратките во возило и притоа добро се забавуваат.
Откако видеото било објавено на YouTube, компанијата јавно се извини.