Европол растури мрежа од нарко дилери уапси 36 лица и заплени 1,5 тони хашиш
Европската полиција денеска соопшти дека растурила голема мрежа на нарко дилери , уапсила 36 осомничени и запленила 1,5 тони хашиш.Акцијата во која учествуваа шпанската цивилна гарда , Европол, француската , мароканската и шпанската полиција започнала минатата година , кога мароканската полиција пресретнале брод полн со хашиш и го привела неговиот екипаж.
Во акцијата било откриено дека криминалните банди редовно транспортирале хашиш од Мароко во Шпанија , а од таму дрогата заминувала во Европа, стои во соопштението од Европол.
Покрај огромното количество на дрога , во Франција, Шпанија, Португалија и Мароко се запленети и 32000 евра, 200 мобилни телефони ,13 автомобили , мотор, брод и пиштол. Запленет е и уред за прецизоно мерење на дрога.
Водачот на криминалната група од Мароко е убиен пред неколку дена во Шпанија во пресметка на ривалски криминални групи, соопшти Европол.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment