Еве како нашите навивачи го следеа натпреварот Македонија-Германија (фото/видео)
Македонецот што живее во Швајцарија, Даниел Цонев, кој на Светското првенство во ракомет во Шпанија го доби прекарот „Бојадисаниот фанатик“, заедно со групата свои пријатели, но и други наши сограѓани кои работат во близина на градот Улм, исто како вчера против Грција, беше присутен и на денешниот натпревар на кошаркарската репрезентација на Македонија против Германија на турнирот „Супер куп“.
Малата, но одбрана група на свој уникатен начин им даваше поддршка на избраниците на селекторот Алеш Пипан. Признание за својата несебична поддршка, Цонев и пријателите добија и од македонските кошаркари, пред се од Перо Антиќ, Лестер Бо Мекејлеб, Ѓорѓи Чековски и Стојан Ѓуроски кои се фотографираа за спомен со „Бојадисаниот фанатик“.
[print_gllr id=15804]
фото/видео Македонци.цх
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment