MKDNews.com

Експлозија на Индиска подморница

август 14
10:36 2013

Индиска подморница на која имало 18 морнари, се запалила по една експлозија денес наутро на пристаништето во Мумбај. Во тек е акцијата за спасување, а една половина од подморницата е останата во морето.

Во тек е акцијата за спасување, а една половина од подморницата е останата во морето.

“Морнарите се ‘се уште во подморницата и се обидуваме да ги спасиме. Мислиме дека внатре има 18 од нив. Нема да застанеме додека не ги извлечеме”, изјавил портпаролот на морнарицата “PVS Satish”. Некои морнари успеале да скокнат од подморницата по експлозијата, јавува CNN.

Причините за експлозијата се уште не се познати, но се верува дека станува збор за несреќен случај.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.