MKDNews.com

Едвард Сноуден го напушти „Шереметјево“, доби статус на бегалец во Русија

август 01
19:46 2013

Поранешниот разузнавач во американската Национална агенција за безбедност (НСА) ги доби неопходните документи и го напушти московскиот аеродром. Сноуден доби статус на бегалец во Русија, објави Викиликс.
Британски Гардијан вчера објави за тајниот систем за надгледување „Екскискор“ кој и овозможува на НСА да ги следи речиси сите активности на типичен корисник на интернет.

Повикувајќи се на доверливи документи обезбедени од Сноуден, британскиот весник истакнува дека таа програма претставува најраспространет систем за собирање податоци.

Весникот истакнува дека на аналитичари од НСА не им е потребна претходна дозвола за пребарување електронска пошта, активности на социјални мрежи и историја на пребарување на интернет.

Инфраструктурата се состои од 500 сервери, а мапата објавена од весникот покажува дека на секој континент има сервери како на територии на американски сојузници така и на ривали како Русија, Кина и Венецуела.

Програмата се разликува од другите досега обелоденети кои САД ги користат за надзор на интернет бидејќи овозможуваат пребарување речиси на сите онлајн активности.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.