Еден загинат и 15 повредени при судир на воз и автобус во Хрватска (фото)
Едно лице загина а најмалку 15 се повредени денеска кога воз удрил во автобус што преминувал преку железничка пруга во близина на хрватскиот град Дрниш.
Како што јави Танјуг, несреќата се случила утрово околу 8:30 часот меѓу местата Бадањ и Сивериќ, кога воз кој патувал од Книн удрил во автобус на „Автотранспорт Шибеник“, која сообраќал од Книн кон Дрниш.
Анадолија повикувајќи се на изјава на портпаролот на Полициската управа на Шибенско-книнската Жупанија, Марица Косор, јави дека сите повредени, кои биле патници во автобусот, се хоспитализирани во Општата болница во Шибеник.
Според хрватските медиуми, деветмина од повредните се наоѓаат во критична состојба.
Полициската истрага за несреќата се уште трае, но според првичниве сознанија, најверојатна причина за судирот е неисправноста на рампите на пругата, кои не се спуштиле со надоаѓањето на возот.
Според непотврдени информации, дефектот на рампите на пругата бил регистриран уште вчера околу 18 часот.
[print_gllr id=13458]
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment