„Џумајлија“ во рацете на Субрата Рој
Министерите Димовски и Ставрески заедно со партнерот од Сахара Груп, качени на нови трактори го изораа првото парче од земјиштето што индискиот бизнисмен Субарата Рој го купи од пропаднатиот агрокомбинат Џумајлија.
За бериќетна работа, со православни обичаи, сечење ленти и индиски специјалитети се означи стартот на почетокот на индискиот Сахара проект за земјоделство.
Вредноста на инвестицијата е 211 милиони евра.
Според договорот компанијата на бизнисменот Рој е должна во следните три години да набави 20.000 грла крави.
На земјиштето од околу 6.000 хектари е предвидено да се произведува добиточна храна, изградба на фарми и на регионална млекарница во која дневно ќе се произведува 80.000 литри млеко.
Сахара проектот за земјоделство беше најавен пред околу еден месец. Компанијата доби дел од земјиштетото од пропаднатиот агрокомбинат Џуумајлија, под концесија од 15 години.
Идискиот бизнисмен Субрата Рој, освен во земјоделство најави милионска инвестиција со изградба на хотелски комплекси во Охрид.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment