Двопек диета – За оние што не можат да замислат оброк без леб
Вишокот на килограми е се почест кај луѓето, па поради ова и диетите се се побројни и поразновидни. Денес ви ја претставуваме двопек диетата, наменета за оние кои не можат да си го замислат оброкот без леб. Диетата се практикува 5 дена, два дена се прави пауза, а потоа се повторува се до добивање на посакуваната тежина.
Прв ден
Доручек: Едно парче двопек, чаша бело кафе и едно јаболко
Ручек: Две парчиња двопек, две чаши јогурт, две варени јајца и еден домат
Вечера: Едно парче двопек, една чаша јогурт, едно варено јајце и еден домат
Втор ден
Доручек: Едно парче двопек, чаша бело кафе и едно јаболко
Ручек: Едно парче двопек, една чаша јогурт, едно варено јајце и еден домат
Вечера: Едно парче двопек, една чаша јогурт, едно варено јајце и еден домат (исто како и ручекот)
Трет ден
Доручек: Едно парче двопек, чаша бело кафе и едно јаболко
Ручек: Едно парче двопек, 250 грама младо кравјо сирење, порција зелена салата или рендана зелка, една кисела краставичка, еден домат
Вечера: Еден двопек, 125 грама пресувана шунка, еден домат
Четврти ден
Доручек: Едно парче двопек, чаша бело кафе и едно јаболко
Ручек: Еден двопек, три парчиња говетско месо, еден домат
Вечера: Еден двопек, едно јајце, една чаша јогурт
Петти ден
Доручек: Едно парче двопек, чаша бело кафе и едно јаболко
Ручек: Половина порција бело пилешко месо со многу зеленчук, припремено без маснотии
Вечера: Втората половина од ручекот
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment