MKDNews.com

OБНОВЕНО: Двајца мртви и пет повредени во сообраќајка на патот меѓу Ботун и Климештани

август 04
21:38 2013

23:33

29 годишниот Дарко А. од Прилеп е момчето кое загина во тешката сообраќајна несреќа која вечерва околу 19 часот се случи на патот Кичево – Охрид кај селото Ботун. Тој управувал со возилото марка Пежо со прилепски регистерски таблички. Покрај него, во сообраќајката починало уште едно женско лице, споатничка во Пежото чиј идентитет се уште не е утврден. Со тешки телесни повреди се здобила 30 годишната тетовчанка Мирјана Ц која исто така се возела во Пежото.
Со полесни повреди во сообраќајката поминале 55 годишниот Неџбедин М. од Кичево кој управувал со џипот со американски таблички и неговата сопатничка 50 годишната Еда М. исто така од Кичево

soobrakjajkaohrid-500

21:38 

Според последните информации кој ги доби mkdnews во тешка сообраќајка koја се случи на патот меѓу Ботун и Климештани (Охридско)околу 19 часот вечерва две лица го загубија животот,а пет се повредени, една од загинатите е женска особа.
Според првичните сознанија се судриле пежо 206 со прилепски регистерски таблички и џип со амерички таблички.

Полицијата е на местото на натранот и врши увид за причините за тешката сообраќајна несреќа

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.