MKDNews.com

Дваесетгодишно момче загина во тешка сообраќајна несреќа

август 01
10:27 2013

Дваесетгодишник загина во тешка сообраќајна несреќа вчера попладне на патот Тетово-Селце, јавува порталот „Порталб“.
Возачот изгубил контрола над автомобилот „Опел Калибра“ по што возилото излетало од патот и по силен удар завршило качено на ѕидана ограда од двор на куќа.

Тетовската полиција испитува кои се причините за несреќата.

Фото „Порталб“.

Фото „Порталб“.