MKDNews.com

Дојран „врие“ од туристи (фото)

август 08
17:01 2013

Пеколните температури дополнително ги мотивираа граѓаните да уживаат на југот од земјата.

Модерните шанкови, убавата хортикултурна уреденост на просторот и добрата музика се вистински магнет за млади луѓе, кои освен пливањето и сончањето сакаат дополнителна забава. Содржни има за сите генерации.

Годинава за првпат на дојранското крајбрежје има и уредени понтонски пристаништа, едното инвестиција на министерството за транспорт и врски, а друго приватен инвеститор.

Она што треба секој Македонец да го направи е да дојде овде, да го посети бисерот на југот од Македонија и да се увери дека Дојран навистина има што да понуди.

dojran-1

dojran-g5002

dddddddojran3

dojran-1