MKDNews.com

Денес се навршуваат 100 години од Букурешкиот договор

август 10
10:15 2013

100godinBukir Договор кој го означи крајот на Балканските војни од 1912-1913, по што етно-географската територија на Македонија е разделена меѓу балканските држави. Последиците од актот се уште се чувствуваат во Македонија и во регионот.
Пред сто години, сите три балкански држави, соседи на Македонија – Србија, Грција и Бугарија – влегоа во војна против Турција не само за да ги протераат Османлиите од Балканот туку истовремено да ја окупираат и да ја поделат Македонија според однапред договорен план! Се разбира, тој план веднаш беше реализиран на терен, односно секоја од нив ги зазеде оние делови што ги посакуваше како свој воен плен. Сојузничката воена кампања за нецели два месеца, значи во октомври и ноември 1912 година, дефинитивно ја потисна Турција од Балканскиот Полуостров и ја елиминира турската власт од Македонија. Реализирајќи ги своите планови, бугарската армија побрза да влезе во источна и југоисточна Македонија, излегувајќи на егејскиот брег источно од устието на Струма; српската војска, по победите кај Куманово и Битола, го освои најголемиот дел од Вардарска Македонија, стигнувајќи до Гевгелија и Лерин, а грчката настапуваше од југ и југоисток, брзајќи да влезе во Солун кон кој брзаа и Србите по долината на Вардар, но и Бугарите по долината на Струма.

Значи, за нецели два месеца иднината на Македонија беше запечатена, односно Македонија беше поделена меѓу „ослободителите“, кои ниту беа ослободители ниту имаа такви намери. Сите нивни планови завршуваа со окупација и поделба на Македонија. Македонија била поделена според следните пропорции: грчка Македонија 34.603 км2 или 51,57 %, српска Македонија – 25 713 км2 или 38,32%, бугарска Македонија – 6.789 или 10,11%. Два мали дела од Западна Македонија, околу Охридското и Преспанското Езеро јужно од Дебар и биле доделени на Албанија неколку години подоцна.

BukureskiMirovenDogovor1913

Букурешкиот мировен договор од 1913 година потпишан и печатиран

Она што се случило во 1913 година има влијание и денеска. Букурешкиот мировен договор за Македонија има двојно дејство, од една страна со него конечно била разделена и долго време останала така, а од друга страна сега еден дел што тогаш се нарекувал Вардарска Македонија стекна независност и стана самостојна држава во која се создаде македонска нација и македонски литературен јазик. За зачувувуање на македонската култура и нација е многу важно што процесите активно се развиваат. Може да се зборува што било добро, а што лошо и какви се уште има нерешени прашања, но Македонија денеска е реалност, постои. Тоа што има Македонци и македонски јазик е факт што не може да се смени, а тоа е најважно, изјави Проф. д-р Константин Никифоров, директорот на Институтот за славистика на Руската академија на науките (РАН) на Шестата македонско-руска научна средба на тема „Букурешкиот мировен договор 1913 и неговите долгорочни последици за Македонија и Југоисточна Европа“, што неодамна се одржа во Скопје.

Според Академик Блаже Ристовски Букурешкиот договор е еден комплот против постоењето на тогашната Македонија како самостојна држава иако, како што рече, во тоа време сите се надевале дека Македонија ќе добие независност пред Албанија што не се случило благодарение на некои големи сили.

– Македонија во тоа време во своите етно-географски граници не беше помала од Грција и од Србија. Грција успеа благодарејќи на односот на Србија да присвои над 50 проценти и сега токму таа се појавува како земја што го одрекува нашето постоење како Македонија и Македонци со свој идентитет и ги имаме проблемите кои ги знае целиот свет, посочи академик Ристовски.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.