Денес пеколно жешко со температура до 41°C
август 04
09:52
2013
На Балканот тропски ден, ќе биде сончево и многу топло. Силен ветер ќе дува во Јадранско, Јонско и Егејско море. Максималните дневни температури ќе се движат од 30°C до 40°C.
Во Македонија денес тропски ден. Ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува умерен северен и северозапден ветер, а во западните предели ќе дува умерен североисточен ветер. Утринските температури ќе се движат од 15°C до 24°C, а максималните дневни температури ќе се движат од 30°C до 41°C. УВ индекс 9.
Во Скопје тропски ден, ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува умерен северозападен ветер. Утринската температура од 20°C, а максималната дневна температура ќе достигне до 37°C. УВ индекс 9.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment