MKDNews.com

Денес „Охридска софра“ во Скребатно

август 24
12:14 2013

gomlezeДенес во излетничкиот комплекс кај селото Скребатно ќе се одржи манифестацијата „Охридска софра“ која е во организација на Општина Охрид во соработка со Факултетот за туризам и угостителство. Со тоа, на некој начин ќе биде најавен крајот на туристичката сезона.
На овој начин, не само што ќе дадеме еден симболичен крај на туристичката сезона, туку ќе извршиме пообемна промоција на традиционалните охридски специјалитети, кои што верувам се добро познати насекаде – истакна раководителот на Секторот за туризам и локален економски развој, Ѓоко Апостолов.

На манифестацијата ќе бидат презентирани традиционалната храна и пијалоци.Студентите од Факултетот за туризам и угостителство и охридските ресторани ќе ги покажат своите кулинарски вештини, апрограмата ќе биде збогатена со настап на ансамблите „Билјана Јуниор“ и „Зарина“, а како главни звезди на манифестацијата, концерт ќе одржи групата „Љубојна“.

За сите заинтересирани граѓани Локалната самоуправа обезбеди бесплатен превоз од Лескоец до Скребатно.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment