MKDNews.com

Дел од Кавадарци останаа без вода за пиење

август 03
19:52 2013

Поради голем дефект во водоводната мрежа, голем број на жители од Кавадарци останаа без вода за пиење.

-Се работи за дефект на цевка поради што без вода за пиење останаа жителите на горната зона од градот, жителите на селата Шивец, Возарци, Трстеник како и винарската взба Тиквеш и комбинатот Фени. Екипи од Водовод и Канализација работат на дефектот и се надеваат дека до 22 часот ќе го отстранат дефектот, известуваат од Јавното претпријатие.

Само пред три дена Кавадарци без вода за пиење беше точно три дена.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment