MKDNews.com

ЦИА: Албански екстремисти подготвуваат напади во Србија

август 12
23:12 2013

Американската Централно известителна агенција ЦИА подготвила таен извештај според кој „Албански екстремисти на Косово“ се подготвуваат за убиство на Српски политички лидери“ пренесуваат Српските медиуми“.

kosovoВеста која што ја пренесуваат и албански медиуми сеуште е на ниво на шпекулација затоа што таа не е потврдена од американски извори.

Во наводниот извештај на ЦИА според белградските медиуми кои се под влијание на српската тајна полиција но и руски капитал стои дека „ Екстремистички групи составени од поранешни припадници на УЧК финансирани од арапски извори подготвуваат повеќе напади на српски и претставници на меѓународната администрација на Косово“.

Најекстремната група на албански екстремисти за непријатели ги смета и Косовските Срби и Белград но и западот на чело со Вашингтон и Брисел. Тие се повеќе се вртат кон муслимански фундаментализам и ги таргетираат неверниците. Нема информации за тоа како тие дошле во контакт со лидери на Ал Каеда“ , пишуваат српските медиуми кои се повикуваат на извештајот на ЦИА.

Екстремистите ја поддржуваат идејата за независно Косово во вистинска смисла која не може да се случи без акција. Според извештајот најрадикалните екстремисти се концентрирани во регионите на Скендерај, Вучитрн и Ѓаковица.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.