MKDNews.com

Чувал стража додека ги убивале децата – МВР уапси уште еден осомничен за масакрот кај Смилковци

август 29
17:45 2013

Macedonia MurderМакедонската полиција уапси уште едно лице осомничено за учество во масовното убиство на пет лица извршено минатата година, што ги покрена етничките тензии со албанското малцинство во државата.
Полицијата соопшти дека уапсила уште едно лице осомничено во високо профилираниот случај “Монструм“, при негов обид, на граничниот премин Блаце, да ја напушти државата и да влезе во соседно Косово.

Понатамошни детали, вклучувајќи и информации за идентитетот на осомничениот не беа откриени, освен фактот дека тој во следите 30 дена ќе биде задржан во притвор.

Сепак, од извори блиски до истрагата, се дознава дека е уапсен Сами Љута, 28-годишен македонски државјанин. Иследниците се сомневаат дека тој во април 2012 година бил присутен кога убиствата биле извршени во близина на обиколницата на Скопје и дека обезбедувал логистика за останатите шестмина обвинети.

Инспекторите се сомневаат дека тој го прегледал местото на убиствата пред нивното грозоморно извршување.

Обвинителството во случајот познат како “Монструм“, обвини шест етнички Албанци за убиство на пет Македонци, извршено во обид да предизвикаат етнички тензии во државата.

На четворица осомничени, Агим Исмаиловиќ, Фејзи Азири, Рами Сејди и Хаки Азири, моментално им се суди во Скопје.

На останатите двајца, Алил Демири и Африм Исмаиловиќ,, им се суди во отсуство, бидејќи тие се наоѓаат во затвор во Косово, откако беа осудени за нелегално поседување на оружје.

Сите четворица обвинети, на кои им се суди во Скопје, се изјаснија за невини.

Телата на Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацевски и Кире Тричковски, сите на возраст меѓу 18 и 20 години, беа пронајдени на 12 април, минатата година.

Нивните тела беа поставени во еден ред, што укажува дека биле егзекутирани. Телото на 45-годишниот Борче Стевковски беше пронајдено недалеку од нив.

Веста за убиствата ги зголеми етничките тензии во 2012 година, откако група Македонци одржаа протести, во одредени моменти и насилни, обвинувајќи ги за убиствата, припадниците на најголемата малцинска заедница во државата, Албанците.

Судскиот процес продолжува на 4 септември во Кривичниот суд во Скопје.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.