MKDNews.com

Чоколадо за појадок – одлично за слабеење

август 10
07:53 2013

Израелските научници открија дека слаткиот појадок, како на пример чоколадна торта, колач или пудинг може да помогне за намалување на килограмите. Имено овој појадок содржи доста калории, но и протеини и јаглехидрати.

Доколку наутро изедете нешто слатко, ќе ја задоволите дневната потреба за шеќери, а организмот ќе го потроши тоа во текот на денот.

Наутро метаболизмот е најактивен, затоа е најдобро наутро да се јаде храна која на организмот ќе му ја обезбеди потребната енергија, а вишокот калории ќе бидат согорени во текот на денот.

dark-chocolate-orange-bonbons-paleo-dairy-free-low-carb-600x449-93492„Избегнувањето на консумирање колачи може да предизвика психолошка зависност од нив” – Daily Mail ја пренесува изјавата на професор Даниел Јакубович.

Истражувањето траело 32 недели. Испитаниците кои со појадокот внесле 600 калории, вклучувајќи нешто слатко, како што се кекси, чоколада, колач или торта, изгубиле во просек 18 килограми повеќе од оние кои ја избегнувале таквата храна. Испитаниците кои не се придржувале на упатствата, најпрво почнале да губат тежина, но на крајот на истражувањето повторно се вратиле на старата тежина, а некои добиле и неколку килограми повеќе.

Појадокот му дава на телото енергија за дневните активности, помага во функционирање на мозокот, што е клучно за намалување и одржување на телесната тежина.

Иако утрото е време кога организмот најуспешно го контолира лачењето на грелинот, хормон на гладта, појадокот треба да биде квалитетен, така што организмот би го имал потребниот извор на енергија

Драстичните диети, со кои се забранува внесување на слатка храна и јаглехидрати, не се здрави. Најлошо е што со избегнувањето на слатката храна се зголемува желбата за истата. Умерената консумација на слатка храна нема да наштети, дури и ќе помогне доколку се јаде наутро.

Комплетниот сладок појадок, вклучувајќи и десерт, ќе му обезбеди на телото потребна енергија и ќе ја задоволи дневната потреба за слатко, а телото наутро полесно и побрзо ќе ги потроши калориите, отколку во останатите делови од денот.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment