MKDNews.com

Четири тела најдени по пад на авион врз куќа во САД

август 10
19:29 2013

Пожарникарите пронашле тела на четири луѓе, меѓу нив и поранешниот извршен директор на компанијата Microsoft што загинале при пад на авион во областа Њу Хејвен во американската сојузна држава Конектикат, пренесе во саботата Associated Press повикувајќи се на локалната противпожарна служба.
Десетметарскиот туристички авион кој полетал од Њу Џерси се урнал врз куќа во Њу Хејвен, по што избувнал пожар врз два станбени објекта. Според портпаролот на противпожарната служба, Ентони Москато, во несреќата загинал поранешниот топ менаџер на компанијата Microsoft, Бил Хенингсгард со синот, кои се наоѓале во авионот и две лице кои биле во куќата.

Претходно беше објавено дека во авионската несреќа можно е да има шест жртви, од кои две деца во една од уништените куќи. Локалните власти изразија надеж дека нема да расте бројот на загинатите.

Според локалниот весник Hartford Courant, обдукцијата на жртвите ќе биде извршена во недела.

Членовите на семејството на поранешниот извршен директор на Microsoft потврдиле дека авионот бил управуван од Хенингсгард. Самиот Хенингсгард веќе имал преживеал авионска несреќа пред три години, кога се обидувал принудно да атерира со својот авион и паднал во реката Колумбија во сојузната држава Вашингтон, меѓутоа заедно со неговата мајка биле спасени од екипажи на чамци што ловеле на реката.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment