MKDNews.com

Четири шољи кафе дневно ќе ве однесат во гроб?

август 18
00:16 2013

Пиењето кафе може да биде навистина штетно доколку се претера, велат американските научници повикувајќи се на своето најново истражување.Истражувањето на Мејо клиниката, спроведено на 4.500 испитаници, кое траело цели 3 децении, покажало дека луѓето помлади од 50 години, кои на неделоно ниво пијат по 28 шољи кафе имаат зголемен ризик од смрт – и тоа за неверојатни 50 проценти.

Истражувањето е направено над 43 727 волонтери на возраст од 20 до 87 години.

Американските научници веруваат дека претерувањето со кафето може се одрази негативно на метаболизмот, а луѓето со „генетска зависност кон кафето“ се изложени повеќе на штетните последици.

Ова истражување противречи на претходните кои го поврзуваа умереното пиење кафе со долговечноста.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.