MKDNews.com

Чесите можат без се но без пиво не

август 16
10:26 2013

Економската криза и долгогодишната рецесија која ги зафати земјите на ЕУ ги принуди Чесите да почнат да штедат и на основните прехранбени намирници.
Според статистичките податоци меѓу продуктите кои Чесите редовно ги купуваат се лебот, млекото и пивото, додека зеленчук се поретко купуваат. Трендот на намалена употреба на зеленчук е забележан уште пред три години и според Европската агенција за безбедност на храната, Чесите просечно на ден јадат 386 грама овошје и зеленчук, што е под препорачаната доза од 400 грама.
– Чесите во просек, при една посета трошат се помалку и тоа се однесува на големите хипермаркети, дисконти, супермаркети и мали самопослуги, изјави Павел Кабал од агенцијата која ги вршеше анализите за потрошувачката моќ на чешките граѓани.
Одделни анкети, покажуваат дека Чесите се почесто кога се на работа не јадат по ресторани или бистроа туку носат подготвена храна од дома. Тоа го прават дури 50 проценти од Чесите, секој петти се храни во мензите, а само 13 проценти од луѓето одат на ручек во кафеана.

Tags

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment