MKDNews.com

Бугарскиот рапер Ицо Хазарта добил црн печат од македонските гранични власти

август 13
16:54 2013

Бугарскиот рапер Ицо Хазарта добил црн печат во пасошот и не му дозволиле влез во државава, иако тој имал закажан концерт во Виница, пренесуваат бугарските медиуми.

icoИцо Хазарта заедно со три танчерки патувал кон автомобил до Виница, но на преминот „Делчево“, според бугарските медиуми му ставиле црн печат во патната исправа, под образложение дека не може да бидат сигурни во целта на посетата.
Вистинската причина според раперот Ицо Хазарта е одбивањето му да даде поткуп на службеното лице.
– Полицаецот ме праша каде одиме и зошто. Одговорив дека имаме концерт и дека еден дел од екипата поминаа пред околу еден час. Тој ме праша колку пари ќе заработам од концертот. Откако му одговорив дека најважно е концертот да помине добро, повторно ме праша дали многу пари заработуваме и зошто толку ни се брза. По ова прашање мојот одговор беше: “Нема да ти дадам пари” – вели раперот за бугарските медиуми.

Полицаецот побарал од раперот да му го покаже договорот со диското во Виница, кој тој не го носел со себе. Според раперот, договор не му е баран на границата, кога патувал за концерти во Битола и Скопје, пишуваат бугарски „Новини“.

– Ме натера да одам со него на страна и со ироничен тон ми рече дека треба да ми стави црн печат во пасошот и да се вратиме веднаш во Бугарија – раскажува Ицо Хазарта.

Во меѓувреме, тимот на издавачка куќа Facing The Sun успеал да подготви копија од договорот и да го испрати, но цариникот објаснил дека немаат компјутер, туку само факс, но и дека не го знае бројот.
Според бугарските медиуми, Ицо Хазарта и Facing The Sun веќе поднеле жалба против активностите на македонските цариници и имаат намера да се алармираат сите инстанци, за да не се повторуваат слични полициски самоволија во пракса, пренесуваат бугарските медиуми.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment