MKDNews.com

Бугарите изгубија од Македонците во фудбал, како и нивните прадедовци во двете светски војни!

август 16
00:48 2013

СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ МЛАДИНСКИ КОНГРЕС.
Во средата, на 14 август, на стадионот Филип Втори Македонски во македонската метропола Скопје, во пријателски натпревар, победи фудбалската репрезентација на Македонија со два спрема нула, изгуби фудбалската репрезентација на Бугарија. Македонците победија сосема заслужено и ги имаат сите честитки од македонската и од спортската јавност!

Но, иритираат и заслужуваат одговор провокациите на полицискиот доушник Божидар Димитров, кој како директор на Историскиот музеј на Бугарија е срам за бугарската држава, со единствена заслуга, неговото шарлатанство успеа Бугарија да ја претстави пред светот како прататковина на вампирите и сирените!

Се разбира, како што вели и Божидар Димитров, Македонците се бореа и во 11-та Македонска дивизија во Втората Бугарска армија во Првата Светска Војна од 1914-1918 година, како што се бореа и во армиите на Србија и на Грција, и во двете Балкански војни од 1912-1913 година, насилно мобилизирани од режимите во Белград, Софија и Атина, втурнати на првите фронтовски линии во братоубиствени војни за хегемонистичките интереси на Бугарија, Грција и Србија, со единствена цел окупација врз Македонија и геноцид врз македонскиот народ кој се’ уште трае. Божидар Димитров заборава само да каже дека Бугарија во двете Светски војни беше во сојуз со Германија против Велика Британија, Русија и Франција.

Бугарските фудбалери во Скопје изгубија од Македонците, исто како што нивните прадедовци изгубија во Првата Светска војна од 1914-1918 година и Втората Светска војна од 1939-1945 година, затоа што беа на погрешна страна. Од земја со државници од типот на полицискиот доушник Божидар Димитров, не бидува членка на Европската Унија, каква што беше Бугарија и во Варшавскиот договор во пакт со Советскиот Сојуз.

Светскиот Македонски Младински Конгрес (СММК) декларира дека Македонците, ниту во Македонија се второкласни Срби, ниту во Бугарија се првокласни Бугари, ниту во Грција се третокласни Грци. Едноставно, Македонците во целиот свет се само Македонци, така било, така и ќе остане! Завршија Балканските и Светските војни, се возобнови државноста на Македонија и нема долго време да мине, независно од домашните и белградските, софиските и атинските врховисти и колаборационисти, кога од Бугарите Грците и Србите како политички нации во чијашто основа е македонскиот етнос, ќе останат само Македонците! Од таа вистина ниту една досегашна лажна историја на бугарската грчката и српската академија на науките, врз темелите на Македонците и Македонија, не може да побегне!

СММК потврдува дека Мара Бунева е Македонка од Тетово, ама таа не е Бугарка само затоа што, саможртвувајќи се да го спаси брата си, на 13 јануари 1928 година во Скопје го убила српскиот полициски началник Велимир Прелиќ. На Македонците не им смета Мара Бунева како дел од македонската историја, ниту се крши плочата на кејот на Вардар затоа што сакаат да ја избришат од колективната меморија. Напротив, на Македонците им сметаат софиските врховистички провокатори кои парадираат во Скопје за нејзина слава како наводна Бугарка само затоа што го убила скопскиот началник на српската окупаторска полиција во Македонија!

Тоа што Бугарија окупира дел од Македонија во Балканските војни не им дава за право на софиските врховисти да го негираат постоењето на македонскиот народ! И за волја на вистината, кога од Бугарија ќе се тргнат настрана вампирите и сирените на Божидар Димитров, ќе останат само Македонците, бидејќи во Бугарија има се’, само Бугари не’! Божидар Димитров и неговите пулени добро знаат дека во Бугарија и во светот нема Бугарин без македонски корени! Но, никогаш да не’ заборават, дека каде и да се’, има некој кој постојано мисли на нив, има некој кој секогаш ги сака – мајката Македонија!

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment