MKDNews.com

Бремена жена спасена од водите на Охридско Езеро кај Струга

август 12
23:35 2013

Благодарение на брзата интервенција на капачите и тимот спасувачи на градската плажа во Струга, спасена е од давење бремена жена.

plaza-struga– Случајот го потврдуваат и од Итната медицинска помош од Здравстениот дом од Струга, чија екипа веднаш стигнала на местото и жената ја транспортирала до Гинеколошкото одделение при Општата болница. Жената е вон животна опасност и е под постојан надзор на гинеколог, јави А1он.

Станува збор за жена од Куманово, која била на годишен одмор во Струга, а нејзиниот идентитет и возраст не се наведуваат.

Како и вообичаено влегла во езерските води, но од непознати причини состојбата и се влошила и паднала во вода, па почнала да потонува. За среќа капачите кои биле на плажата веднаш се стрчале да и помогнат, а потоа интервенирале и и дале прва помош и спасувачите на вода. Брзо стигнала и екипа на итната медицинска помош.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment