MKDNews.com

Бредли Манинг осуден на 35 години затвор

август 21
17:25 2013

Младиот американски војник Бредли Манинг, кој на Викиликс му предаде стотици илјади тајни документи, во среда е осуден на 35 години затвор.

Воената судика Денис Линд нареди негово нечесно отпуштање од војска. Во затворската казна ќе му биде пресметано и времето поминато во притвор, во кој помина 1.294 дена, така што на слобода ќе излезе за нешто помалку од 32 години.

Минатиот месец Манинг беше прогласен за виновен по речиси сите точки на обвинението, освен онаа најтешката -помагање на непријателот.

Манинг за време на судењето призна дека на Викиликс му проследил опсежна документација, но тврдеше дека не го направил тоа за да и помогне на Ал Каеда, туку да покрене јавна расправа за американската надворешна политика.

На рочиштето пред изрекувањето на казната, Манинг и се извини на татковината ако со своите постапки и нанел штета.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment