MKDNews.com

Божидар Димитров: Натпреварот е „меч од домашно првенство“ сите сме Бугари, поделени со граница

август 14
11:27 2013

Контроверзниот Божидар Димитров кој е директор на бугарскиот Национален музеј не чекаше многу за да почне да провоцира пред вечерашниот пријателски дуел на фудбалските репрезентации на Македонија и Бугарија.
Натпреварот е „меч од домашно првенство“ и дека кога првпат слушнал за овој дуел, се запрашал „против кого всушност игра Бугарија?“.
„Излезе дека ќе играме натпревар од домашното првенство“, вели Димитров во изјава за бугарската агенција „Фокус“. Според него, бугарската нација во моментов е поделена со граница.

Димитров се осврна и на вардаровите навивачи Комити – нив ги опиша како просрпски настроени фанатици кои често ги напаѓаат Бугарите кога овие се собираат на комеморациите за Мара Бунева.

„Убеден сум дека Бугарија ќе победи, зашто таа е многу посупериорна од Македонија. Но, ќе дојде денот кога тие ќе бидат подобри, зашто не е тешко да се биде подобар од нашите фудбалери“, заклучи Димитров

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment