MKDNews.com

Боливиец е најстариот жител на Земјата (видео)

август 18
11:02 2013

Маж на 123 години е најстариот човек на планетата.
Кармело Флорес Лаура живее во село на границата меѓу Боливија и Перу. Личната карта му покажува дека тој е роден на 16 јули 1890 година.

b2e2f84f3c44
Кармело целиот живот бил овчар, тој никогаш не го напуштил родното село, има 3 деца, од кои две веќе се починати, 40 внуци и 19 правнуци. Во текот на годините се хранел со леб од јачмен и овчо месо но редовно консумира и листови од кока.
Стогодишникот не користи бастун, ниту очила, само неслуша со едното уво.
“Морам да имам околу 100 или повеќе години,” вели Флорес со отслабена меморија и додава дека никогаш не бил мрзлив.
4af8dd02289d
Тој го кажува и рецептот на својата долговечност.
“Јас секогаш сум јадел што ке зготви жена ми. Ние се храневме само со она што можевме да го најдеме . Јадевме најмногу месо. Јас сеуште одам на долги прошетки секој ден.”
Библиската возраст на боливиецот значи дека тој лесно ќе ја стигне возраста на 115-годишната Јапонка Мисах Окава,која е најстариот жив човек, по смртта на 116-годишниот Јапонец Хиромоно Кимура,кој беше најстариот човек чии години се докажани и беа запишани во Книгата на рекорди.
Освен тоа тој го победи рекордот на Французинката Џереми Калмент, која почина во 1997 година на 122г, како најстариот жител на планетата.

e80e4145c2e1

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.