MKDNews.com

Битолчанец се самозапалил на гробот на сопругата

август 15
20:52 2013

Осумдесетиедногодишен битолчанец попладнево се самоубил на гробот на својата сопруга, јави Press24.

Трагичен настан се случи попладнево во Битола откако 81 годишен старец околу 17,30 часот се самоубил на гробот на својата сопруга.

Станува збор за лицето Владимир А. од Битола, кој отишол на гробот на својата сопруга и се самозапалил, по што починал на лице место.

Полициски екипи се на местото на инцидентот, каде се врши увид. Засега не се познати причините за самоубиството на старецот.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment