MKDNews.com

Берлускони во затвор без решетки

август 03
20:23 2013

Прв пат во неколку децении кривично гонење конечно беше донесена пресуда против поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони при што медиумскиот могул беше осуден на четири години казна затвор по обвинение за даночна измама откако сите негови жалби беа одбиени. Меѓутоа најверојатно човекот што долго време беше еден од најмоќните политичари во Италија нема да ја отслужи казната зад решетки.
Врховниот суд на Италија ја поддржа пресудата за даночна измама и побара од понизок суд повторно да го пресмета траењето на забраната за извршување јавна функција што претходно му беше одредена на пет години.
Тоа би можело да го намали, а можеби и потполно ќе го згасне светлото на сцената за политичката кариера на Берлускони што веќе е извалкана со секс скандал.
Берлускони (76) кој веќе 20 години доминира со италијанската политичка сцена, и понатаму е пркосен, па дури и потресен.
Во деветминутното видеообраќање тој ја отфрли пресудата како крајно неоснована велејќи дека го лишува од секаква слобода и политички права и инсистира дека е невина жртва на неверојатна низа обвиненија и судења што немаат допирна точка со реалноста.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment