MKDNews.com

Белграѓанец ќе се удавел бркајќи топка кај Свети Наум

август 17
17:03 2013

sv.naum-ostrovoДеновиве во водите на Црн Дрим,на неговото извориште кај Свети Наум, се одиграла вистинска драма кога почнал да се дави возрасен гостин од Србија.
Белграѓанецот Марјан Крстиќ си фрлил во изворите на Црн Дрим,бркајќи топка која предходно паднала во водата.Но,поради студената вода,но и заради неговите слаби пливачки способности тој почнал да се дави.Се успаничил не можел да се врати назад до брегот
Тоа го забележал спасителот на Црвениот крст,младиот Димитрија Спасоски и веднаш реагирал.
“Стануваше збор за активен давеник,што значи дека ако не добиеше ефектна помош тој ќе се удавеше.Веднаш ја извадив спасителната вреќа која е врзана со конец и му ја фрлив на белграѓанецот.Потоа и јас скокнав во студените води на Црн Дрим.Го фатив давеникот кој беше во паника и полека почнав да го влечам кон брегот.Се гледаше дека е многу исплашен и не беше во можност да плива и да излезе сам од водата”,раскажува спасителот Спасоски.
Младиот Спасоски,кој е обучен за спасување на давеници,откако го донесол белграѓанецот до брегот,го извадил на суво,му ја дал потребната прва помош и и психички го стабилзирал.Белграѓанецот му се заблагодарил на младиот спасител за помошта,а неговиот гест бил поздравен од присутните кај изворите на Црн Дрим во Свети Наум.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.