MKDNews.com

Автобус полн со македонски туристи избегнал страшна несреќа на автопатот кај Крф

август 15
12:00 2013

Автобус преполн со македонски туристи кои се враќале во Скопје од летување во Грција, избегнал сообраќајна несреќа на автопатот после Крф, објавува Плусинфо.

Според информациите на порталот, автобусот удрил во банкината покрај патот, но за среќа поминал само со мали оштетувања и вознемирени патници.

Од туристичката агенција „Пет“, која ја организирала турата, за Плусинфо изјавиле дека автобусот удрил во банкината, обидувајќи се да избегне автомобил кој се обидувал да го претекне. Возачот го насочил автобусот кон работ на патот и изгребал од банкината. Тоа, според агенцијата, е единствената направена штета.

Од „Пет“ ги демантираат сведоштвата на патниците дека причина незгодата е наводното заспивање на возачот. Директорот на „Пет“ изјавил дека инцидентот се случил синоќа пред полноќ.

„Не е точно дека возачот заспал. Имало мал несреќен случај во обид возачот да избегне удар со возило кое се обидело да го претекне во една од кривините на автопатот после Крф. По инцидентот автобусот на кратко застанал за да ја увиди штетата и веднаш потоа продолжиле со патувањето до Скопје затоа што немало поголеми оштетувања“, објаснил директорот на „Пет“, Мартин Петковски, пренесува Плусинфо.

Од агенцијата велат дека не била повикана грчката полиција, бидејќи во тој случај туристите би се задржале повеќе од 5 часа од потребното.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.