MKDNews.com

Атлантик Ситис сторија: „Чудната потреба на Скопје да ја менува историјата со споменици“

август 15
00:25 2013

Skopje 4За„Скопје 2014“ кој беше во многу прилики критикуван од опозицијата во Македонија, „Атлантик Ситис“објави сторија под наслов „Чудната потрага на Скопје за менување на историјата со скулптури“
Армин Росен авторката на текстот наведува дека Грција е загрижена за евентуални територијални претензии од страна на Македонија.
– Експлозијата од нови објекти во режија на Владата во центарот на Скопје, проектот наречен Скопје 2014, е суров, во стилот на Лас Вегас и претставува обид да се наметне истовремено историско и естетско единство каде што тоа не постои. Проектот вклучува десетици статуи, огромни нови владини згради и орнаментирани мостови, фонтани. Тоа е проект на владејачката македонска партијата за национално единство, која асоцира дека дека има корени во револуционерното движење против отоманските Турци од 19 век. „Скопје 2014 “се случува во една мала земја, со 2 милиони жители и голем број на малцинства и верски групи, каде што во државниот концепт на идентитет е потребно да се вклучат сите жители – вели Јулија Леклер, експерт за урбанизам на Лудвиг Максимилијан универзитетот во Минхен која во моментов има универзитетски проект во Скопје, фокусиран на Скопје 2014″.
Таа додава дека посетителите може да видат големи мажи на коњи, музички фонтани, колонади, галерии на отворено од цареви со камени лица, црковни отци и герилци од 19 век. Но Македонците се заглавени во овој градежен бум и многу од нив се чини дека се противат на тоа.

Овде  е објавен целиот текст

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.