Армиските хеликоптери го гасат пожарот во Битолско (видео)
август 23
16:55
2013
Вчера, Армијата на Република Македонија се вклучи во помош на локалното население при гаснење на пожарот во атарот на битолските села Лисолај и Древеник.
Два хеликоптери МИ 8/17 од воздухопловната бригада на АРМ, во текот на вчерашниот ден интервенираа околу седум часа во исклучително тешки временски услови. Пилотите на АРМ за ова време вчера исфрлија 44 ведра или 44 тони вода во атарот на село Лисолај.
Видео: Телеграф
❌
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment