MKDNews.com

Ангелов: ВМРО-ДПМНЕ си го присвојува државниот празник Илинден

август 02
18:41 2013

Стојанче Ангелов,Претседателот на политичката партија „Достоинство“ при положувањето цвеќе на споменикот на АСНОМ во паркот „Жена борец“ ја обвини владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ дека си го присвојува државниот празник Илинден промовирајќи ја преку него својата национална идеологија.

– Сакаме само да ја изразиме нашата огорченост од партизацијата на овој голем македонски празник затоа што сметаме дека прославата на Илинден е партизирана, сметаме дека Илинден е празник на сите македонски граѓани без разлика на нивната национална и верска припадност – изјави Ангелов.

Претставници од „Достоинство“ утринава положија цвеќе пред спомен обележјето на АСНОМ, пред паметникот на Питу Гули и пред споменикот на Бранителите, сите во паркот „Жена борец“.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment