Американците на 6 годишно девојче и даваат марихуана (видео)

Неодамна Кабелската Телевизија за Вести ,позната како CNN емитуваше документарна емисија насловена „Weed“ (трева), во која хирургот и новинар доктор Санџе Гупта истражува дали марихуаната за медицинска употреба е штетна за луѓето или не.
Во документарецот се наведува случајот на 6-годишната Шарлот Фиџи од Колорадо која пати од редок случај на епилепсија наречена Dravet Syndrome . Шарлот од оваа болест добива околу 300 напади неделно што би било во просек на секој половина час по еден напад, од кои од некои од нападите неколкупати завршувала во оделот за итни случаи.
Нејзините родители после константно посетување на многу болници доктори ,и препишување на многу медицински дроги (лекови) изнашле нов начин кој го виделе на интернет, но тој нов начин бил користење на марихуана. Како и многу доктори така и мајка на Шарлот, Пеги не сакала да и дава марихуана на нејзината 6 годишна ќерка бидеќи не и било познато какви се последиците од тој третмен.
Како што се објаснува во документарецот на CNN марихианата се содржи од две сосојки кои се THC (ти-ејч-си) и CBD (си-би-ди). Ако користите канибасот кој содржи повеќе THC после користење тоа ќе ве направи да бидете хај, но ако користите марихиана со слаба соджина на THC но висока на CBD тоа ќе може да ве излекува.
Токму таква „трва“ наречена R4, со мала содржина на THC и висока содржина на CBD родителите на Шарлот пронашле во продавница за „трева“ во Колорадо ,каде е легално да се продава медицинска марихиана. Успејале да убедат доктор да им препише рецепта велеќи дека тоа е едниствена надеж да се излечи нивната ќерка.Ја купиле марихуаната ја однеле дома го извадиле маслото од марихуаната и мајката и ставила неколку капки на јазикот ,и Пеги вели : „и дадов и чекав.. еден час помина два ..три .. леле , Шарлот нема напад ова е лудо“.. вели Пеги.
Ова е само еден од неколуте наведени примери каде марихуаната е лековита. Во докумтаратецот се наведува дека нема регистрирани случаи на смрт од преголема доза на марихуана, како што е случај со некои други незаконски опојни дроги.
Во околу 20 држави на САД е легално користењето на медицинска марихуана ,додека во мал број од нив исто е дозволено користење на марихуана за рекреативни потреби.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment