MKDNews.com

Албанец од Македонија убиен во борбите во Сирија

август 03
20:11 2013

Уште еден Албанец од Македонија е убиен во Сирија од воените сили на претседателот на државата Башар ал-Асад.

Во борбите меѓу бунтовниците и силите на претседателот Башар ал-Асад, како што јавува порталот Алмакос, бил убиен оџата од Скопје, Сами Абдулаху. Алмакос дознава дека тој бил убиен од курдската заедница во Сирија.

Абдулаху бил оџа и во Бремен, Германија, учествувал во конфликтот во 2001 година во Матејче, како и во војната во Косово и во Босна и Херцеговина. Тој е вториот Албанец од Македонија, кој е убиен во Сирија. Во мај годинава во Сирија загина дваесет и осумгодишниот Расим Зеќири од гостиварското село Беловишта, кој подолго време живеел во Австрија. Осум месеци пред да биде убиен заминал за Сирија и се борел на страната на опозициското движење „Јабха ел-нусрах“.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.