MKDNews.com

“Ал Каеда” застана зад нападите во Ирак

август 12
11:04 2013

Филијалата на “Ал Каеда” “Исламска држава во Ирак и Левант” ја презеде одговорноста за серијата крвави напади во кои загинаа десетици за време на муслиманскиот празник “Рамазан Ал-Фитр”, кој стави крај на светиот месец Рамазан.

Меѓународната заедница остро ги осуди нападите во кои загинаа 74 лица, а беа повредени најмалку 320.

“Исламската држава се мобилизира (…) во Багдад, во јужните провинции и други места, за да испрати порака за одвраќање во третиот ден на Аjд ал Фитр”, како одговор на операциите на ирачките сили за безбедност “, се посочува во коминикето .

Лидерите “нема да знаат што е сигурно ниту ноќе, ниту во текот на денот ниту на денот на Рамазан , ниту во кој и да е друг ден “, додава терористичката организација.

Шефот на Ал Каеда на Арапскиот Полуостров Насер ал Уахиши побара денес да ослободат сите затворени членови на организацијата.
Во порака, насловена “писмо до заробениците во затворите на тираните” лидерот на јеменскиот огранок на Ал каеда вели дека “задржувањето (на затворениците) нема да трае долго и синџирите ќе се истрошат”.

“Вашите браќа уништи тврдините и престоли на злото (…) и победата е на една рака”, додава Уахиши

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.