MKDNews.com

Ал Џазира започнува да емитува програма во САД

август 20
16:59 2013

Телевизиската куќа Ал Џазира почнува од денес да емитува програма во САД од седиштето во Њујорк, со неколку познати американски телевизиски водители, кои станаа дел од тимот на светски познатата куќа.

Последните подготовки се во тек во зградата на поранешната банка во близина на Медисон Сквер Гарден, а програмата на телевизијата ќе стартува утре во три часот попладне, според локалното време на источното крајбрежје на САД.
Преку кабелска телевизија Ал Џазира ќе биде достапна во домовите на 45 милиони Американци, а во неа ќе работат неколку ветерани од американските телевизии, меѓу кои Џон Сејгентејлер, Џои Чен, Антонио Мора и Шејла МекВикар.

– Почнуваме нешто што го сметаме за специјално и поинакво, изјави претседателката на Ал Џазира Америка, Кејт О’Брајен, некогашна главна уредничка на Еј-Би-Си Њуз.

Телевизијата ќе емитува програма од фреквенцијата на Крент телевизијата, која е беше во сопственост на Ал Гор и и беше продадена на Ал Џазира за 500 милиони долари

Освен главната канцеларија во Њујорк, Ал Џазира која е во сопственост на државата Катар ќе има и дописништва во уште 11 американски градови.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment