Ахмети в понеделник на средба со Венизелос
август 31
16:09
2013
Лидерот на ДУИ и коалициски партнер во Владата Али Ахмети в понеделник ќе се сретне со шефот на грчката дипломатија Евангелос Венизелос, информираат од Мала Речица.
Повеќе детали за средбата нема, ниту пак за тоа на чија иницијатива доаѓа. Но, таа може да се толкува како дел од дипломатската офанзива во изминатиов период на првиот човек на ДУИ околу спорот со името, јави 24 вести.
Венизелос пак вчера го осуди дејствувањето на Златна Зора во надворешната политика на Грција.
За екс министерот за надворешни работи Антонио Милошоски тоа не значи добра волја од Грција за подобрување на добрососедските односи со земјава.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment