A1on: Mакедонски војници ќе бараат преминување во бугарската армија
август 10
01:12
2013
Отпуштените професионални војници на 18 август, денот на Армијата на Република Македонија, официјално ќе побараат прием во бугарската амбасада и ќе разговараат дали е можно да служат во армиските редови кај нашиот источен сосед, јави А1 он.
Тие за порталот истакнуваат дека се договориле на денот на АРМ да пратат допис за средба во бугарската амбасада, затоа што државата јасно им ставила до знаење дека не се потребни да служат за Македонија.
Станува збор за околу 120 отпуштени професионални војници, на кои откако им истече договорот за ангажман во Армијата до 38-та година, останаа на улица, а не беа опфатени ни со одлуката од февруари лани за вработување во АРМ до 45-та година
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment