83-годишната жена и нејзиниот 86-годишен сосед се вљубиле преку Скајп
август 02
18:52
2013
Дека љубовта не знае за години покажаа 83-годишната жена од Чешка и нејзиниот 86-годишен сосед, вдовец од мало село, благодарение на напредната технологија,тие се вљубиле едни со други преку Скајп.
Се почнало кога Јана добила подарок компјутер од својата ќерка. Таа не го користела долго време, но по инсистирање на ќерката, почнала.
Најмногу се интересирала за видео разговорите преку Скајп. Кога му се пофалила на соседот од селото, кој го шетал кучето, и му кажала дека нема многу контакти, тој и предложил да разговараат преку СКајп.
– Така некако се разви целата хемија и чувства, и сега живееме заедно веќе три години. Задоволни сме еден со друг – вели 86 годишниот маж.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment