MKDNews.com

8 годишно девојче крие биолошка бесмртност, воопшто не старее (видео)

август 19
22:14 2013

Иако има осум години, таа има кожа на бебе, се уште е во пелени и е зависна од својата мајка. Зошто не расте и не се развива како другите деца и кој е генетскиот прекинувач на стареењето кај девојчето по име Габи Вилијамс?

Научниците веќе подолго време се обидуваат да го најдат одговорот на ова прашање.

immortality„На некои луѓе нешто им се случува и процесот на развивање се запира. Стапката на промени на телото станува занемарлива“, вели научникот Ричард Вокер од Флорида.

Кај еден од малкуте слични случаи кои ги проучувал Вокер нашол оштетување на ген кој предизвикал развојна инерција.

„Кога би можеле да го идентификуваме тој ген би го откриле прекинувачот и би биле биолошки бесмртни. Болестите и несреќите пак би ги прекинувале животите на луѓето, но би биле физички и психички способни, никогаш не би биле стари“, вели тој.

Но состојбата на Габи не е добра. Кај луѓето како неа се јавуваат големи здравствени проблеми -глувост, неспособност да одат, да јадат, да говорат.

Мајката на Габи вели дека нејзината ќерка речиси воопшто не пораснала за една година.

„Користевме пелени за помали бебиња, сега користиме за бебиња до 6 месеци. Доби само половина килограм на тежина“, вели Мери Маргарет Вилијамс.

Таа мислела дека Габи нема долго да живее.

„Но, ги надмина нашите очекувања. Наскоро ќе полни 9 години. Сигурна сум дека ќе оди во рајот, само се надевам дека тоа нема да биде скоро“, вели мајката на девојчето чија состојба никој не може да ја открие.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.