MKDNews.com

56 полицајци повредени во немири во Белфаст (видео)

август 10
22:16 2013

Најмалку 56 полицајци се повредени за време на демонстрациите на британските лојалисти. Демонстрантите се противат на намерата на католичките републиканци да организираат колона за одбележување годишнина од воведувањето затвор без судски процес на 9 август 1971 година.

_69213455_69213454Полицијата употреби водени топови и гумени куршуми додека врз неа беше фрлано со цигли, шишиња и петарди.
И претходната вечер во Белфаст беа регистрирани немири во кои беа повредени осуммина полицајци.
Со договор за поделба на власта во локалната влада меѓу протестантите и католиците во 1998 година воглавно се завршени судирите во Северна Ирска, но и понатаму се случуваат спорадични немири и закани со бомби.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.